Храбри и женствени: 30 кратки фризури за топлите денови
Ако сте доволно храбри да се „збогувате“ со својата прекрасна долга коса, а сакате драматично да го промените изгледот, тогаш одберете фризура која е кратка и женствена.
Кратките фризури ќе ви дадат елегантен, секси и префинет нов изглед. Но, пред да се одлучите за кратка фризура за пролетните и летните денови, мора да имате на ум неколку работи.
Прво, добрата кратка фризура има правилни пропорции. Косата треба да ви биде потстрижана, така што ќе изгледа убаво и во природната форма, пред да почнете со нејзино обликување.
При изборот на фризурата, пак, најважно е да водите сметка за обликот на вашето лице. Секое лице е поинакво, а неговиот облик во голема мера влијае на тоа каква фризура најдобро ќе му прилега.
Покрај тоа, мора да размислите и за нејзиното одржување. Кусата фризура си бара често потшишување, доколку сакате косата да ви изгледа стилски и негувано. Дури и кога планирате да ја пуштите да порасне, потребно е редовно шишање, затоа што косата не расте еднолично, па по месец дена ќе ви делува нерамномерна.
На крајот, ви преостанува да се „наоружате“ со идеи и инспирација, пред да ја донесете финалната одлука.
Сигурно постојат мноштво фризури кои му одговараат на вашиот облик на лицето. За да го стесните изборот, пронајдете ја онаа која најмногу ви соодветствува на карактерот и животниот стил, па во консултација со фризерот одберете ја вистинската боја и форма.
Од галеријата во продолжение, погледнете кои се најмодерните кратки фризури за оваа сезона:
М. А. | Црнобело