Eucerin - Козметика која ја препорачуваат дерматолозите
Изборот на вистинската козметика е прашање кое не е поврзано со годините или полот. Секој кој се грижи за себе, за својата кожа и нејзиниот убав изглед би требало да користи квалитетна медицинска козметика, која е ослободена од вештачки додатоци за боја и мирис, дерматолошки тестирана и компатибилна со карактеристиките на кожата. Кога е во прашање здравјето и правилната нега компромиси не би требало да се прават.
Доволно е само да се консултирате со вашиот дерматолог, да се информирате на некој од интернет форумите и да одберете производ според годините и типот на кожата.
Кожата помни велат дерматолозите. Затоа секоја грижа или негрижа има влијание врз кожата во годините на старост. Колку порано се практикува вистинска нега толку подобро. Во младост би требало да се почне со хидратантни креми, а тука секако најдобар избор е Еуцерин AQUAporin ACTIVE, револуционерна крема која овозможува интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржи активната состојка глуко-глицерол која го стимулира производството на аквапорини во кожата. Аквапорини се водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во клеточните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата.
Колку повеќе сте под стрес, изложени на сонце и надворешни влијанија, толку порано хидратантните креми треба да ги замените со креми кои го содржат коензимот Q10. Иако најчесто се забележуваат во повозрасните години, научните истражувања покажаа дека и помлади жени, околу 25-30 година имаат проблем со брчките, особено оние кои директно се изложени на сонце, работат ноќни смени, нередовно и неквалитетно се хранат, имаат динамично секојдневје. Коензимот Q10 ја храни кожата и ја зголемува регенерацијата на нејзините слоеви, при што доаѓа до забележливо намалување на брчките. Колекцијата Eucerin Q10 Active, се состои од дневна и ноќна крема за сува кожа, дневна крема-флуид за нормална и комбинирана кожа и крема за пределот околу очите. За возраст над 35 години неопходно е да се успори неминовниот процес на стареењето на кожата поради губењето на значајно количество на хијалуронската киселина која се смета за клучен причинител за појавување на длабоките брчки.
Eucerin® дневната крема со Хијалуронска киселина е креирана токму да ги надополни овие недостатоци на кожата. Овозможува интензивна нега на кожата, полнејќи ги брчките од внатре кон надвор, видливо намалувајќи ги дури и најдлабоките брчки. Го реактивира и поттикнува создавањето на хијалуронската киселина во кожата и ефективно ги полни брчките одвнатре со што тие стануваат видливо многу помазни. Биоактивниот сапонин докажано го рединамизира производството на хијалуронската киселина во кожата и го пополнува сврзното ткиво по природен пат. Содржи високо ефикасна УВА/УВБ заштита и СПФ 15, има дискретен мирис, а кожата лесно го впива.
За над 40 години се препорачува колекцијата Eucerin Volume Filler, која видливо ги намалува брчките во подрачјето на челото, устата и носот, намалувајќи ги дури и најдлабоките брчки.