Сестри близначки со бушави афро коси, некогаш биле исмевани, а сега се сензација заради нив
Идентичните близначки Кипријана и Ти Кеј Вондер Кван се девојки по кои дефинитивно се вртат погледите на улица.
Порано девојките ги презирале своите коси.
„Некој период си ја мразев косата и на неа гледав како на пречка“ - објаснува Кипријана.
Но, како поминувало времето, така и двете почнале да го прифаќаат својот изглед, па сега се главни ѕвезди на Инстаграм.
Заедно со нивната пријателка Никиша Брансон, тие се и уреднички на блогот за коса, „Urban Bush Babes“ .
Инаку, Ти Кеј Вондер е и пејачка која заедно има настапувано со Кирил Џајковски, а во заедничка соработка ја имаат креирано песната „Hell Of A Road“.
https://www.youtube.com/watch?v=xgpF6RaoWr4&list=PLKtR22XqGjr0EBRh2fErBEUJ-eAnK_o2b
„Порано како да постоеше стигма околу афро фризурите, па наша идеја беше да ги срушиме стереотипите и потсмевувачките перцепции“ - објаснуваат двете близначки.
Денес, овие девојки со гордост ги носат своите фризури и притоа се сензација на социјалните мрежи:
Н. Г. | Црнобело