Eфикасни домашни средства кои ќе ви помогнат да се ослободите од подочниците
Темните кругови под очите се честа појава, но како резултат на што се јавуваат?
Најчесто се појавуваат поради недостаток од сон но, во процесот на стареење тие стануваат почести и неретко трајни.
Никотинот, алкохолот и стресот се дел од факторите кои ја предизвикуваат оваа појава но, додека сте млади нивното отстранување не е невозможно.
Прочитајте ги овие совети и отстранете ги брзо без употреба на хемиски производи:
1. Бадемово масло
Бадемовото масло е познато по своето благотворно влијание врз кожата и регенерација на клетките. Нанесувајте го маслото внимателно околу очите и преспивајте без да го отстраните маслото. Повторувајте ја постапката една недела.
2. Арганово масло
Аргановото масло е богато со витамин Е и антиоксиданси кои делуваат благотворно врз пигментот и епидермисот. Исто така, помага во борбата против борите, а треба да го нанесувате пред спиење. Употребувајте го секојдневно и кожата ќе го врати својот сјај.
3. Јаболков оцет
Јаболковата киселина е богата со ензими и минерали кои помагаат за да се врати природниот пигмент на кожата. Внимателно со памукче нанесете во пределот на очите и оставете да делува околу 30 минути. За неколку дена ќе забележите дека подочниците осветлуваат и ја враќаат нормалната боја.
4. Масло од кокос
Маслото од кокос покрај тоа што ги ревитализира косата и ноктите, делува регенеративно и врз кожата. Маслото од кокос може да го употребувате во секое време, не само за хидратација на кожата, туку и за ослободување од борите и темните подочници.
5. Кесички од зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, кои помагаат во борбата против стареењето. Овој чај делува врз проширените капилари, со тоа што ги стеснува и им ја враќа првичната функција. Откако ќе ги употребите за чај, овие кесички можете да ги нанесете врз очите и да оставите да делуваат половина час. Повторувајте ја постапката околу една недела.
И. И. | Црнобело