Тајната состојка на сите маски против брчки - Аспирин
Секоја жена пробала барем една домашна маска за подмладување, без да знае дека ефектот не бил видлив заради тоа што не ја содржела тајната состојка - Аспирин
Аспиринот има моќ да му се спротивстави на стареењето на кожата, а воедно и помага при проблематична кожа.
Затоа не се двоумете дали да пробате некоја од овие маски:
Аспирин и лимон
Состојки:
- 3 аспирини
- 3 лажички сок од свеж лимон
Изгмечете ги таблетите аспирин и измешајте ги со сокот од лимон додека не добиете паста. Измијте го лицето, нанесете ја пастата и оставете да делува 10 минути. Отстранете ја маската со вода.
Јогурт, мед и аспирин
Состојки:
- 5 аспирини
- 1 лажица јогурт
- ½ лажица мед
Изгмечете ги таблетите аспирин и повторно измешајте ги со останатите состојки. Нанесете на сува кожа, оставете да делува 30 минути, па потоа исплакнете со топла вода.
Пилинг
Состојки:
- 3 аспирини
- 3 лажички топла вода
Изгмечените аспирини разредете ги во вода и со пастата тријте го лицето 2-3 минути. Оставете да делува уште 10 минути. Исплакнете и нанесете крема.
М. Д. | Црнобело