Видео кое секоја жена треба да го погледне: Вистината за модните списанија
Јутјуберот Оскар Т Бренд на својот канал објави видео кое дефинитивно треба да го погледне секоја жена.
Тој открива како нè „прелажуваат“ во модните списанија.
„Вчера наидов на женските списанија Elle и Cosmopolitan и додека ги разгледував дојдов до едно прилично непријатно откритие“ - вели тој.
Наведува дека Elle има дури 426 страници и тежи 1,15 килограми, а Cosmopolitan има 244 страници и тежи околу 0,24 килограми.
Потоа започнува да ги кине страниците кои се платени и спонзорирани содржини.
Од Elle вади дури 364 страници, односно 85% од списанието, а од Cosmopolitan 158 страници, односно околу 65% од списанието.
Со тоа заклучува дека списанијата не се списанија, туку каталози на разни брендови, бидејќи без рекламите изгледаат прилично тенки.
„И сите реклами се базирани на истиот принцип: не си доволно добра, нешто не е во ред со тебе, всушност многу работи не се во ред со тебе, не си доволно паметна, таа е поубава... 85% од списанијата ги убедуваат жените дека се недостојни и несовршени“ - заклучува.
„Списанијата сакаат да ве убедат дека навистина можете да изгледате како барбика, но тоа е лага. Телата кои ги гледате не се реални, туку фотошопирани. Третина од жените кои ги читаат овие списанија се постари од 40 години, а знаете колку жени кои се постари од 40 има во самите списанија? Нула. Илјадници страници кои ја негираат човечката биологија и креираат негативни слики за телото...“ - додава.
Н. Г. | Црнобело