Како вистинскиот градник може да ве направи послаби?
Сите ние добро знаеме дека совршен градник тешко може да се пронајде, посебно кога се обидуваме да ги сокриеме малите телесни маани.
Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги запаметите и применувате во одбирањето на вистинскиот градник:
1. Измерете се
Компаниите кои произведуваат долна облека откриваат дека дури 70 до 85% од жените носат погрешен број на градник.
Едно истражување направено на 10.000 жени открива дека дури една третина од жените купуваат погрешен градник дури и кога се свесни за тоа.
Прв чекор пред да купите нова долна облека е повторно да се измерите. Дури и да не сте намалиле или накачиле тежина.
2. Тонирајте го стомакот со пуш ап
Поголемиот дел од жените кои имаат помали гради не носат градници со поддршка само затоа што мислат дека градите им се толку мали да не мора да се грижат за поддршка.
Меѓутоа колку и да имате мали или големи гради секогаш е подобро да имате мало подигнување. Класичниот црн пуш ап градник е одличен за оваа намена и ќе го направи вашиот стомак порамен.
3. За потенок струк - градник кој ви ги зголемува градите
Поголемиот дел од жените кои имаат некој килограм повеќе сметаат дека овие градници ќе направат да изгледаат поголеми, но реалноста е дека пополнувањето на горниот дел од телото ќе направи вашиот стомак да изгледа помал.
4. Покажете ги вашите раменици со градник без прерамки
Кога имате потреба од тоа да ги покажете вашите раменици, потребно е да најдете градник кој ќе биде вистинската големина, а не премал градник за кој мислите дека поради тоа што е тесен нема да ви паѓа.
5. Израмнете ја ставата со корсет
Корсетите прават чуда за жените со поголема половина. Одберете некој кој има неутрална боја и носете го под сите оние парчиња облека каде сакате да изгледате совршено рамни.
Совет плус: Без разлика на тоа за каков градник ќе се одлучите, бидете самоуверени.