6 начини за да ги избегнете отечените стапала
Иако можеби повеќе го сакате летото поради големиот избор на облека и обувки кои може да ги менувате со различните стилови, сепак треба да внимавате особено на стапалата за тоа што облекувате.
Не секогаш е пожелно да носите, апостолки, римјанки или високи потпетици. Следете ги овие 6 начини за да имате помалку отечени стапала.
1. Направете тест за да го одредите типот на стапалата
Ставете хартија под стапалото додека седите и исцртајте го со молив. Потоа истото направете го додека стоите и така одредете колку се менува масата на стапалото кога стоите и така вршите притисок и имате поголемо оптоварување. Така ќе знаете кој вид обувки треба да ги избегнувате.
2. Обувки кои затегаат
Се препорачува да носите удобни обувки кои може да го стегнат стапалото, но тоа се однесува на затворените обувки како патиките кои се најудобни за стапалото.
3. Купувајте „паметни“ обувки за во лето
Обувките првенствено се купуваат навечер, бидејќи во текот на денот кога е топло, ногата може да ви отече. Покрај тоа, некои обувки немаат потполно рамен ѓон, туку треба да ги барате оние кои ја следат природната линија на табаните, како и оние чии потпетици се малку подигнати, бидејќи сè останато е оптоварување на Ахиловата тетива.
4. Внимавајте на „лошите“ обувки
Избегнувајте ги апостолките, затворените обувки во кои ногата не може да дише, така само оставате можност за создавање проблеми како непријатен мирис, постојано потење, создавање плускавци и инфекции. Неудобните обувки создаваат болка во нозете, а потоа и во грбот, а кожата на стапалата станува груба.
5. Смирете ги отоците и болките на природен начин
Ако се воспалени стапалата најдобро ќе ги одморите доколку можат да ја впијат природната крема и препаратите на база на невен или пеперминт, а со самото тоа и мирисот ќе биде урамнотежен.
6. Пијте повеќе вода
За што помалку да ви отекуваат, треба да примате колку може повеќе течности и помалку да внесувате сол во организмот. Покрај тоа, доколку летно време носите чорапи, добро е да бидат памучни и колку може да бидат потенки.