4 брзи трикови за опуштена летна фризура
Не ви е потребно многу време да минувате пред огледалото и да се обидувате да ја направите совршената фризура. Лето е можете да се опуштите и да уживате.
Постојат неколку брзи трикови кои ќе направат да изгледате совршено со малку труд.
1. Брановидна коса во 5 минути
Се што ви е потребно е малку да ја намокрите косата во оној дел кој сакате да го извиткате. Навртете ја косата во спирала и започнете да ја фенирате. Откако сте сигурни дека целата коса е добро исушена.
Малку напрскајте ја спиралата со лак за коса и готови сте.
Она што го добивате е совршена брановидна коса.
2. Реп без бразди
Понекогаш едноставно сакате само барем за миг да ја тргнете косата од вашето лице и да се ослободите од топлината. Ако тоа го правите некаде надвор со стегач и без огледало, нема да имате преглед на наборите кои може да се направат. Токму затоа стегач и воопшто не ви е потребен.
Земете две мали делчиња од позади ушите и заврзете го остатокот од косата.
3. Брановидна пунџа
Одвојте ја косата на два дела и намотајте ги еден околу друг во спирала.
Спиралата соберете ја во долниот дел од главата и со неколку шноли добро зацврстете ја пунџата на сите страни.
4. Држете ги шишките на страна
Доколку имате подолги странични шишки не е неопходно истите секогаш да ви завршуваат во очите. Се што ви е потребно е малку да ги истапирате. Држете ги шишиките на таа страна каде сакате да бидат и започнете да ги тапирате.
Откако сте завршиле со постапката земете малку гел за да ги израмните оние делови кои штрчат и готови сте.