3 правила за визуелно зголемување на малите гради
Само оние со мали гради можат да разберат колку е тешко и проблематично да си најдат соодветен градник кој ќе им помогне барем малку визуелно да ги зголемат градите и да бидат позадоволни.
За тоа потребно е да внимавате на 3 основни правила со кои може да го постигнете посакуваниот ефект.
1. Градник без жица
Градниците со жица се идеални за подигнување на градите, но кај жените кои носат помал градник жицата знаат да бидат многу непријатни. Но градниците со поквалитетни корпи направени од микрофибер се идеални за мали гради. Освен што се попријатни за кожата, тие се прилагодуваат на телото, ги подигнуваат градите и им го даваат посакуваниот волумен.
2. Градник со перничиња
Перничињата за подигнување на градите во последно време се дојдени на црната листа, но овој додаток може да биде многу ефективен за жените со мали гради.
Пронајдете градник чија корпа одговара на обликот на вашите гради и во отворот за перничиња поставете перничиња со двојно дополнување.
На тој начин ќе добиете поголем push-up ефект и ќе ја пополните корпата на градникот. Избегнувајте ги корпите кои имаат малку облик на шпиц и оние кои се предлабоки, односно превисоко засечени на деколтето.
3. Градник со тантела
Текстурата на градникот може да делува многу ефективно. Денешните градници се направени со мека и пријатна тантела која не ја иритира кожата, а која ѝ дава на корпата поелегантен изглед.
Но, пред да одберете градник според изгледот, проверете ги прво претходните правила за удобност за да не одберете погрешен. Освен тантела, материјалот и од класичен мат памук одлично одговара.