Летни фризури кои подмладуваат: 3 начини да ја освежите косата
Со летните горештини ни пристигнува и постепеното подигнување на косата, а најчеста фризура која ќе ја носите и ова лето веројатно ќе биде високото коњско опавче.
Иако делува привлечно, често пати високото репче предизвикува главоболки. Затоа, време е да побарате поопуштена алтернатива.
Ова се 3-те предлози кои ќе ве подмладат ова лето:
Фризурата на Тејлор Свифт
Ако не жалите по косата, тогаш одлучете се за оваа варијанта. Потребно е само да ја скратите косата до рамениците и да направите ретки, рамни шишки. Освен што е апсолутен хит, оваа фризура ќе ве направи многу помлади отколку што реално сте.
Нежни бранови во коса
Ако сепак не можете да се откажете од долгите прамени, скратете ја косата со помош на плетенки како Џеј Ло. Измијте ја и додека е уште влажна сплетете плетенки. Ако сакате покрупни бранови доволна ви е една. Наутро расплетете, подигнете ги шишките или горниот слој и подготвени сте за новиот ден.
Елегантно потфатена коса
За малку посвечените прилики, доволни ви се само неколку шноли за помлад изглед. Само подигнете еден прамен како Џеј Ло, зацврстете со шноли и испрскајте со лак за коса. Овој изглед таа го одбра за црвениот тепих, тогаш зошто вие не би го носеле на свадбата на пријателката?