4 романтични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

За сите оние на кои им здодеала откачената фризура и сакаат конечно да и дадат мир на косата, овие 4 романтични фризури мора да ги испробаат оваа пролет.

4-romanticni-frizuri-koi-mora-da-gi-isporbate-ovaa-prolet-1

Ќе ви одземат само 5 минути од вашето време за да ги направите, а ќе ви дадат фризура како од модните писти, лелеава и откачена, воедно романтична.

Одберете една од овие 4 или сите заедно испробајте ги уште денес!

Плетенка во пунџа

Плетенките никогаш не излегуваат во мода, така и оваа пролет. Исплетете една плетенка во средна дебелина на темето и спуштена фатете ја заедно со остатокот од косата во најобична, испуштена пунџа.

Резултатот ќе изгледа вака...

4-romanticni-frizuri-koi-mora-da-gi-isporbate-ovaa-prolet-2


Волуменозен спуштен коњски реп

Оваа пролет коњскиот реп се носи во малку повеќе волуменозен стил и спуштена верзија.

Затоа не мачете се многу околу собирање на секое влакно од косата во реп, едноставно разбушавете ја косата и фатете ја со ластиче како на следната фотографија.

4-romanticni-frizuri-koi-mora-da-gi-isporbate-ovaa-prolet-3


Пунџа балерина

Не само што ќе ви даде елегантен, романтичен изглед, оваа пунџа балерина може да ја носите секој ден до крајот на пролетта и да не ви здосади поради големиот избор на додатоците за коса кои може да ги додавате околу пунџата.

4-romanticni-frizuri-koi-mora-da-gi-isporbate-ovaa-prolet-4


Бранови во коса

Само исфенирајте ја и оставете ја во нејзината природна состојба, сигурно ќе добиете бранови во коса кои даваат романтичен и секси изглед.

4-romanticni-frizuri-koi-mora-da-gi-isporbate-ovaa-prolet-5

Која ви се допадна најмногу?

Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg