Подгответе ги стапалата за сандали: Домашен пилинг од шеќер
Зошто да фрлате пари на скапи третмани и педикири, кога домашните пилинзи и маски може да бидат исто толку ефикасни за нежни и негувани нозе?
Сезоната на сандали само што не започнала, а голема е веројатноста вашите стапала да не се најнегувани после долгата зима.
Не се грижете, само започнете со подготовки на време.
За негувани и убави нозе и стапала најважна е хидратацијата. Затоа, секое утро и вечер пред спиење добро втријте мрсна крема, вазелин, маслиново или кокосово масло.
Претходно, не заборавајте да го направите овој домашен евтин пилинг.
Потребно ви е:
- 1 голема лажица бел шеќер
- 2 големи лажици кокосово масло
- 7 капки масло од ментол
Постапка:
По туширање на стапалата нанесете го пилингот и темелно тријте. Шеќерот ги отстранува мртвите клетки, кокосовото масло ја храни кожата, а ментолот ќе ви даде пријатно чувство на свежина.
Со овој пилинг можете да го искористите и за листовите, по што нема да се борите со подраснати влакненца.