18 работи кои треба да ги знаете ако често ги лакирате ноктите
Налакираните нокти не само што се одличен моден детаљ, тие се и одраз на нашиот карактер и расположение. Опкружени со прекрасни бои на лакови - безвремената црвена, мистериозната виолетова, нежната розева, понекогаш забораваме колку е тешко да се постигне совршен маникир.
Со овие едноставни совети, никогаш повеќе нема да има потреба да платите за професионален маникир.
1. Три потези со четкичката се сосем доволни
Додека ги лакирате ноктите, најдобро е лакот да се нанесе во само три потези. Прво, брцнете ја четката во шишенцето и соберете солидна количина од лакот. Почнете со нанесувањето од коренот на ноктот па размачкајте го лакот на лево па на десно и потоа поминете по средината.
2. Секогаш користете проѕирен лак како подлога
Вистина можеби ќе му треба на лакот малку повеќе време за да се исуши но подлогата не само што ќе помогне лакот подолго да трае туку ќе спречи пигментот од бојата да се префрли врз ноктите.
3. Најдете и нова намена на старата четка за нанесување на кармин
Многу често се случува при нанесувањето на лакот не сакајќи да ја обоиме и кожата околу ноктот. Тогаш на сцена стапува старата четка за кармин - брцнете ја во ацетон, исцедете го вишокот и нежно поминете со неа околу ноктот за да ги исчистите несовршеностите.
4. Направете неонскиот лак навистина да биде впечатлив
Пред да го нанесете неонскиот лак, намачкајте го ноктот со лак во бела или кожа боја. Оваа подлога ќе направи интензивната боја на неонскиот лак навистина да дојде до израз.
5. Одберете го вистинскиот бел лак
Во моментов нема помодерна нијанса од белата но пред да купите бел лак, осигурајте се дека текстурата е густа и креместа. За да бидете сигурни дека лакот е доволно пигментиран, поминете со четкичката по внатрешната страна од шишето. Ако лакот остава дискретна боја, најдобро е да побарате друг лак.
7. Не користете лак за нокти со формула за брзо сушење
Формулата на овие лакови може да предизвика дехидрирање и кршење на ноктите.
8. Нанесувајте масло за кутикули
Не само што инстантно ги хидрира куликулите, ова масло ако се нанесе врз целиот нокт, го штити лакот од оштетувања.
9. Ладната вода помага лакот побрзо да се исуши
Ако сте во брзање и не можете да чекање лакот природно да се исуши, ставете ги рацете под ладна вода или потопете ги прстите во сад со ладна вода каде сте додале лед.
10. Секогаш нанесувајте тенок слој лак
За побрзо да се исуши лакот подобро е да нанесете три слоја тенок лак отколку два слоја дебел лак кој ќе се суши цела вечност.
11. Чувајте ги лаковите на суво, темно и ладно место
Топлината и сончевата светлина може да ја изменат густината и бојата на лакот. Ако се согласуваат домашните, најдобро е лаковите да ги чувате во фрижидер.
12. Прегустиот лак може да го разредите со ацетон
Се што треба е да додадете неколку капки и стариот лак ќе биде како нов.
13. Никогаш не го тресете лакот пред употреба
Тресењето на лакот може да предизвика меурчиња во текстурата. Наместо тоа, фатете го лакот вертикално и тркалајте го напред-назад меѓу дланките.
14. Не ги турпијајте ноктите напред-назад
Секогаш со турпијата движете во еден правец, во спротивно ќе се оштети врвот на ноктот.
15. Избегнувајте топла вода
Планирајте го маникирот со време и обидете се да не користите топла вода набргу по завршувањето на лакирањето. Избегнувајте туширање а рацете мијте ги со ладна вода.
16. Користете отстранувач за лак без ацетон
Оние девојки кои имаат проблеми со ноктите треба да ги избегнуваат ацетонските отстранувачи бидејќи ацетонот може дополнително да ги оштети ноктите и да придонесе за нивното кршење.
17. Користете лак со светки
Овие лакови се познати по тоа што подолго остануваат на ноктите во споредба со останатите лакови. Вистина се малку потешки за вадење но и за тоа има трик- натопете памукче со ацетон, убаво покријте го ноктот со памукчето и притиснете. Почекајте две, три минути па повторете ја постапката со останатите нокти.
18. Лакирањето секогаш завршувајте го со еден слој top coat
Не само што овој лак ќе им додаде дополнителен сјај на ноктите, туку и со својата посебна формула дополнително ќе ги заштити од оштетувања.