4 Трикови за да се разбудите со подготвена фризура
Наместо да трошите цел час или повеќе во правење на фризура, зошто не си поспиете уште малку и да се разбудите со прекрасна коса?
Овие 4 трикови ќе се погрижат да имате одлична фризура без воопшто труд:
1. Совршена брановидна коса
Пред спиење измијте ја косата, замотајте во пешкир и оставете ја природно да се исуши. Потоа откако ќе биде сува, поделете ја 4 еднакви дела. Секој од деловите испрскајте го со лак за коса, свиткајте го со помош на прстите и зацврстете го со помош на шноли. Наутро, откако ќе ја пуштите косата ќе имате прекрасни бранови.
2. Крупни локни
Откако ќе ја измиете косата, навиткајте ја во плетенка и преспијте така. Наутро откако ќе ја одвиткате косата, врвовите навиткајте ги со помош на фигаро за да ги дефинирате. Ова е најбрзиот и наједноставниот начин да ја навиткате косата.
3. Спречете го мрсењето на косата
Ако имате мрсна коса, тогаш еднаш неделно користете кокосово масло. Нанесете го на косата од коренот до врвовите и косата фатете ја во висока пунџа. Наутро измијте ја косата и ќе добиете сјајна фризура која ќе ја носите повеќе денови.
4. Постигнете траен волумен
За коса која изгледа совршено само на денот кога ќе ја измиете, постои едно решение - ситни плетенки. Измијте ја и исушете ја косата, а потоа разделете ја на два дела. Секој дел разделете го на уште три дела и исплетете плетенки. Откако ќе ги направите плетенките, испрскајте ја косата со лак и преспијте така. Следното утро косата расплетете ја и растресете ја со помош на прстите. Ќе добиете волумен кој ќе трае многу подолго од вообичаеното.