Како да се изборите со непријатните мириси на нозете?
Мирисот на нозете е проблем со кој се соочува речиси секој човек, а решенијата не се така лесни и брзи. Обично со месеци може да се мачите со скапи пудри, препарати и креми, а на крајот да не добиете никаков резултат.
Сепак, постојат 5 основни правила до кои мора да се држите ако сакате нозете секогаш да ви бидат чисти и уредни.
1. Носете чевли исклучиво од природна кожа и оние кои не се поставени со синтетика. Истото важи и за чорапите. Тие мора да бидат 95% од памук.
2. Истите чевли може да ги носите само 2-3 дена по ред. Потоа оставете ги да отстојат 2 дена на свеж воздух.
3. Користете дрвени калапи за чевли кои не само што ќе им помогнат да го задржат обликот, туку и ќе ја соберат вишокот влага.
4. Подгответе посебна купка за стапалата од неколку литри топла вода, 1-2 раце полни сува жалфија и шолја јаболков оцет.
5. Избегнувајте ги сапуните кои ја сушат кожата и го поттикнуваат потењето на нозете кое води до непријатни мириси.