8 начини на кои погрешно ги нанесувате препаратите за коса

Иако секојдневно користите барем по еден препарат за коса, сигурно и тој го нанесувате погрешно. Ако не ни верувате, имаме 8 докази за тоа.

8-nacini-na-koi-pogresno-gi-nanesuvate-preparatite-za-kosa-01.jpg

Откако ќе ги поправите овие грешки, изгледот на косата целосно ќе ви се промени.

1. Користите преголема количина од препаратите за волумен, што дополнително ви ја отежнува и сплескува косата. Наместо да нанесувате еден тон пена или серум за волумен, ставете една капка на дланките, размачкајте па потоа поминете со дланките низ косата.

8-nacini-na-koi-pogresno-gi-nanesuvate-preparatite-za-kosa-02.jpg

2. Откако ќе ја исушите косата со пешкир, грубо ја шприцате само неколку пати со спреј за заштита, без да знаете дека важно е да го опфатите секој прамен ако сакате да го добиете вистинскиот резултат.


3.
Продуктите ги прскате од премногу блиску. На овој начин се фокусирате на една точка, а останатиот дел до косата останува недопрен. Обидете се да ја поставите раката како на сликата за да го добиете најдобриот ефект.

8-nacini-na-koi-pogresno-gi-nanesuvate-preparatite-za-kosa-03.jpg

4. Маските, регенераторите и силиконските капки ги нанесувате само на врвовите мислејќи дека така ќе ја поправите штетата. Но, тука не можете ништо. Оштетените врвови се веќе оштетени и најпаметно е да ги ишишате. Попаметно е да се фокусирате на здравиот дел од косата за да го задржите здрав подолго време.


5.
Нанесувате лак за коса само на горниот слој. За подобар ефект поделете ја косата на делови, па испрскајте го секој посебно.

8-nacini-na-koi-pogresno-gi-nanesuvate-preparatite-za-kosa-04.jpg

6. Кремите за стилизирање на косата ги нанесувате на коренот, па ги разнесувате по косата со дланките. Со самото тоа што ги мазните влакната од коренот, го губите волуменот. Попаметно е повторно да ставите мала количина крема на дланките, па со прстите да обликувате по желба.

8-nacini-na-koi-pogresno-gi-nanesuvate-preparatite-za-kosa-05.jpg

7. Препаратите за обликување на косата ги нанесувате откако ќе ја исушите. Следен пат обидете се да и дадете дефиниција и форма додека е уште влажна. Разликата ќе биде очигледна.


8.
Откако ќе ја исушите косата нанесувате препарати за поголем сјај. Сјајната коса е прекрасна, но големи се шансите дека така ќе го изгубите волуменот. Затоа, размислете што ви е поважно.

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
4 работи што најмногу ја оштетуваат косата (и како да ја вратите во нормала) Ако косата ви е искината од многу затегнати фризури или грубо чешлање, можете да...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg