Една капка кокосово масло за мазна кожа, испукани врвови и погусти трепки
Кокосовото масло е мошне корисно, поради што често се наоѓа во составот на многу козметички производи за нега. Иако некои ги употребуваат сите тие производи, не се свесни какви сè намени може да има самото кокосово масло.
Со оглед на позитивното влијание, не може ништо лошо да ви се случи, но сепак треба да внимавате да не претерате со употребата или количината, поради што може да ви се појави црвенило и чешање.
Сепак, доколку го користите во мали дози може да биде многу корисно.
1. На памукче ставете кокосово масло и поминете го лицето за да ја отстраните шминката. Резултатите ќе ве воодушеват.
2. Нанесете по една капка кокосово масло на врвовите од косата за да ги заштитите од пукање.
3. Секоја вечер премачкувајте ги трепките со по една капка кокосово масло и ќе ви бидат значително погусти.
4. Убаво измачкајте ги стапалата и така легнете си, а утредента кожата ќе ви биде мазна.
5. Направете балзам за усни со 4 g кокосово масло, 4 g масло од јојоба и 2 g восок.
6. Премачкајте ги мозолчињата со по една капка кокосово масло и брзо ќе ви се повлечат без да ги стискате.