Се срамела од своето тело, сè додека не го снимила ова видео
Низ годините учиме како да се прифатиме и себе и како да ги прифатиме другите. Често знаеме да бидеме незадоволни или разочарани од она што го имаме. Менувањето на физичкиот изглед низ годините на некои им претставува сериозен проблем.
Секогаш сакаме да изгледаме подобро, повисоко или послабо. Но, она што е важно е да престанеме да се срамиме од своите тела и да ги прифатиме онакви какви што се, бидејќи се единствени.
Токму за таквите лекции кои треба да ги научиме, блогерката Кат Лазо објави видео во кое ја покажува храброста дека за да се надмине срамот и стравот, треба да се соочиме со него.
Затоа, таа решава да излезе речиси гола на улица само во бикини со боја на кожа и без срам да покаже дека има малку вишок килограми, сало на стомакот, целулит на нозете, незатегнати мускули и мали гради.
Кога еднаш ќе се соочите со тоа, ќе се погледнете во огледало и ќе се прифатите, не значи да не се грижите за да го подобрите тоа, туку да не се срамите од она што сте и гордо да се носите.
Погледнете го видеото и слушнете ја нејзината порака: