3 видови локни со едно виткање на косата

Витканата коса со локни секогаш делува интересно и привлечно. Одговара во разни прилики, посвечени или секојдневни, зависно колку внимание ќе ѝ посветите и како ќе ја носите.

3-vidovi-lokni-so-edno-vitkanje-na-kosata-01

Доколку имате малку време да си посветите на себе, наместо да одите на фризер, доволно ви е само фигаро и да одберете една од овие 3 постапки за да добиете супер впечатлива фризура.


1. Полулокни

- Издвојте прамен од косата со дебелина по желба. Колку е потенок праменот, толку локната ќе биде поситна и понагласена.

- Праменот фатете го со прстите за крајот и почнете да го мотате околу неговата оска, но само до половина.

- Загрејте го фигарото и намотајте го праменот околу него одозгора надолу, но така што праменот на горниот дел да го раширите по должината на фигарото, а на долниот дел да го замотате во цврст округол прамен.

- Резултатот се лежерни локни кои се нагласени на краевите.

3-vidovi-lokni-so-edno-vitkanje-na-kosata-1


2. Спирала

- Издвојте прамен од косата со дебелина по желба.

- Праменот фатете го со прстите на крајот и почнете да го мотате околу сопствената оска. Замотајте го до коренот, така што ќе стане цврст.

- Загрејте го фигарото и праменот намотајте го густо околу него одозгора надолу.

- Како резултат ќе добиете нагласени спирални локни.

3-vidovi-lokni-so-edno-vitkanje-na-kosata-3


3. Сплескани локни

- Издвојте прамен од косата со дебелина по желба.

- Загрејте го фигарото и праменот замотајте го околу него, одозгора надолу, но така што праменот ќе се распореди по целата ширина и должина на фигарото.

- Како резултат ќе добиете спирални локни.

3-vidovi-lokni-so-edno-vitkanje-na-kosata-5


Совети плус:

Ако сакате фризурата да ја направите уште поинтересна може да ги комбинирате сите три видови локни.

Третата техника искористете ја за долните и подебелите прамени, втората техника за површните прамени и оние околу лицето, а првата техника за повеќето прамени низ целата коса, така што секој втор прамен ќе го замотувате околу фигарото во спротивен правец.

Би можело да ве интересира:

Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
За 5 минути со фризура како од салон: Трик за брзо виткање на косата во брановидни кадрици Косата можете да ја навиткате за само неколку минути со помош на овој трик, без ...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg