Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јастог плетенка - Гламурозна фризура готова за неколку минути

Плетенката рибина коска е фризура која ја обожаваат сите генерации. Но, оваа вечна фризура достигна ново ниво и стана апсолутен хит.

jastog-pletenka-glamurozna-frizura-gotova-za-nekolku-minuti-01.jpg

Ако сакате да ја испробате, не мора да одите на фризер. Со помош на ова упатство за само неколку минути можете да ја сплетете дома, пред огледало.

Потребни ви се:

  • Шноли
  • Штипки за коса
  • Силиконски ластичиња
  • Лак за коса
  • Чешел

Постапка:

Косата пуштете ја слободно, а со чешел истапирајте го темето, а потоа префрлете ја на една страна.

Доколку имате шишки, зацврстете ги со шнолички или сплетете ги во мала опуштена плетенка која ќе ја прицврстите со шнола.

Косата поделете ја на 2 дела - преден, помал дел кој е поблизок до лицето и заден, поголемиот дел кој се наоѓа на задниот дел од главата.

jastog-pletenka-glamurozna-frizura-gotova-za-nekolku-minuti-02.jpg

Задниот дел поделете го на 3 прамени и секој замотајте го. Привремено прицврстете ги со штипки за да не се одмораат.

Предниот дел поделете го на 2 дела и секој дел замотајте го посебно, а потоа вкрстете ги како би добиле подебел прамен.

Задниот дел исто така замотајте го во еден прамен. Потоа преплетете ги и двата дела. Заврстете со шноли и ластичиња.

jastog-pletenka-glamurozna-frizura-gotova-za-nekolku-minuti-03.jpg

Пропрскајте со лак и фризурата е готова!

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
7 фризури за жени, кои ќе бидат во тренд оваа пролет Ако сакате да ја освежите косата на почетокот на пролетта, наместо само да ги по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg