Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Забавете го процесот на стареење: 5 тајни на жените кои изгледаат помладо од годините што ги имаат

Процесот на стареење е природен и тоа не нешто што можете да го запрете. Но, со помош на неколку здрави навики може да се чувствувате и да изгледате помладо и поубаво.

zabavete-go-procesot-na-stareenje-5-tajni-na-zenite-koi-izgledaat-pomlado-od-ona-sto-se-01

Пијте многу вода

Пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. Освен што телото ќе ви диде хидрирано, ќе изгледате посвежо и ќе се чувствувате поздраво, водата помага и системот за варење подобро да ви функционира.

Намалете го стресот

Секој има стресови во животот, но важно е да знаете да ги конторлирате. Истражувањата докажале дека менталниот стрес го забрзува процесот на стареење. Затоа, најдете начин на кој може да го намалите стресот.

Во тоа многу може да ви помогне јогата, бидејќи длабокото вдишување и издишување , како и медитацијата може значајно да го намалот стресот, да го подобрат протокот на кислород во крвта, а со тоа да го подобрат и нивото на енергија.

zabavete-go-procesot-na-stareenje-5-tajni-na-zenite-koi-izgledaat-pomlado-od-ona-sto-se-1_resize.jpg

Почестете го лицето со овошје

Направете маска за лице со овошје по ваш избор. Може да одберете и нешто егзотично како папаја. Таа содржи ензими кои го намалуваат таложењето на меланин. Може да ставите и јаготки кои содржат бета-каротин и витамин А, кои помагаат во обновувањето на колагенот. Природното алое вера е одлично за борба против стареењето на кожата.

Редовно вежбајте

Физичката активност помага во одржувањето на тонусот на мускулите и флексибилноста, а го подобрува  целокупното здравје, како и кондицијата. Помага во заштитата од срцеви заболувања, но и за да се чувствувате и да изгледате помладо. Најпрепорачливо е брзото одење и прошетките.

Здрава исхрана

Важно е да се придржувате до здравата исхрана која вклучува многу овошје и зеленчук. Избегнувајте црвено месо, алкохол и цигари. Колку поздраво јадете, толку ќе се чувствувате и ќе изгледате и помладо и подобро.

Би можело да ве интересира:

Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
9 грешки во шминкањето кои прават да изгледате нападно, смешно или постаро Премногу бронзер на лицето ќе направи како да сте се заборавиле во солариум, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg