7 летни фризури кои се огромен хит оваа година

Забави до доцна, сончање на плажа, уживање во базен, но немојте ни да помислите да тргнете некаде без да ги погледнете стилските фризури кои се огромен хит ова лето.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-1

Дајте и свежина на вашата коса и одберете фризура која најмногу ќе прилега на вашиот стил.

Овие фризури со сигурност ќе направат да изгледате забавно и модерно на сите летни настани кои планирате да ги посетите.

Бидете во чекор со модерното и одберете ја омилената стилска фризура:

1. Брановидна коса

Брановидна или позната како фризура на сирените. Оваа фризура е апсолутен хит оваа сезона и го дава ефектот на плажа и секако изгледа многу природно и женствено. Оваа фризура може да ја постигнете со помош на плетенки или алатка за виткање на косата, како на пример фигарото или преса за виткање.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-1


2. Неуредна пунџа

Сигурно сте имале некои од оние утра кога воопшто не сакате да станете и вашата коса изгледа неуредно па некако ја врзувате во висока, неуредна пунџа. Доколку тоа почесто го правите тогаш за вас имаме убава вест, овие пунџи се огромен хит оваа година. Набавете си ластик за коса со интересен аксесоар и врзете ја косата во висока пунџа.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-3


3. Шишки

Шишките се огромен хит и тренд за лето 2014. Пробајте различни видови шишки како на пример подолги, пократки, на страна и оставете го останатиот дел од косата разбушавен, ќе добиете одлична летна фризура.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-3


4. Пикси фризурата

Огромен хит и сериозен тренд е токму популарната пикси фризура. Косата ќе порасне, па немате причина зошто да не го пробате токму овој тренд и да внесете свежина во вашиот изглед. За пикси фризурата можете да си набавите некои интересни аксесоари за коса кои одлично ќе ја надополнат оваа фризура.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-5


5. Спортска девојка

За девојките кои не сакаат да обрнуваат преголемо внимание на својата фризура, во топ стилските фризури се наоѓа и „коњското опавче” . Соберете ја косата и уживајте во стилската фризура за ова лето.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-4


6. Боб фризура

Доколку ви досади долгата и нескротлива коса задолжително пробајте ја боб фризурата. Оваа стилска фризура одлично прилега на девојки со тркалезен облик на лицето. Ако не сте доволно храбри за пикси фризурата, боб стилот е одлична замена.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-6


7. Омбре

Не можеме да зборуваме за хит фризури, а да не го споменеме омбрето. Доколку сѐ уште ја немате пробано оваа фризура, што чекате? Веднаш пробајте ја оваа фризура која одлично ќе се вклопи со вашиот стил и вкус за мода.

7-letni-frizuri-koi-se-ogromen-hit-ovaa-godina-7

Од обичното коњско опавче па сѐ до пикси фризурата, ви ги претставивме најпопуларните фризури за ова лето.

Која би ја одбрале вие?

Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Боб фризура е хит за пролет ‘24: Кои Македонки го следат светскиот тренд? Ако сакате да го смените својот изглед на почетокот на пролетта, почнете од коса...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg