Застарени модни правила за повозрасни жени кои е време да ги заборавиме
Треба да ги скриете рацете
Покажувањето премногу кожа не е препорачливо без разлика на возраста.
Но, само затоа што сте на одредена возраст, не значи дека треба целосно да го криете телото.
Слободно носете облека со прерамки, кратки фустани и слично.
Треба да избегнувате креон
Во овој случај важно е да бидете умерени.
Ако исцртате многу дебела линија, може да ги истакне брчките околу очите.
Но, суптилно нанесениот креон може да изгледа одлично, на која возраст и да сте.
Носете кратка коса
Долгата коса може да биде одличен избор за повозрасни жени, а дури прави и да изгледаат помладо.
Избегнувајте темни кармини
Слободно носете темни кармини дури и по 60-тиот роденден.
Единствено препорачливо е да избегнувате мат кармини бидејќи можат да ги истакнат брчките.
Спирова С. | Црнобело