Застарени модни правила за повозрасни жени кои е време да ги заборавиме
Задолжително фарбање на седата коса, само светли кармини – ова се правила кои не мора да ги следите бидејќи возраста не треба да ве ограничува кога станува збор за вашиот изглед.
Стандардите за убавина се менуваат и повеќето жени избираат да ја ценат својата природна убавина, но и да не се ограничуваат со трендови и бесмислени правила.
Ова важи и за повозрасните жени кои во минатото требало да следат и уште построги правила.
Дел од правилата за повозрасни жени кои нема потреба да ги следите:
Треба да ја фарбате седата коса
Сè повеќе жени гордо ја носат седата коса и, искрено, сите изгледаат одлично.
Нема потреба да ја криете седата коса ако не сакате, единствено потрудете се да ви биде здрава и негувана.
Избегнувајте големи обетки
Во минатото повозрасните жени биле советувани да ги избегнуваат поголемите и впечатливи обетки.
Сепак, ова правило е застарено и слободно можете да ги направите обетките и кој било впечатлив накит фокус на вашата комбинација.
Избегнувајте облека во живи бои
Возраста не треба да ве ограничува да носите облека со живи бои.
Воопшто не е точно дека нијансите како светлоцрвена не се погодни за повозрасни жени – напротив можат и да ве подмладат.
Избегнувајте патики
Кога жените ќе стигнат одредена возраст, секако дека ѝ даваат повеќе предност на удобноста.
Па, воопшто не треба да избегнувате патики бидејќи денес можете да ги комбинирате со секаква облека, дури и со фустани.