8 правила и навики до кои се држат негуваните жени на повозрасни години
Не користат нападна шминка во силни бои кои ги нагласуваат недостатоците, бираат соодветен маникир за да ги прикријат трагите од годините на дланките и спортуваат до онаа мера до која им е пријатно, без форсирање.
Како што поминуваат годините, така повеќе треба да се фокусираме на менување на навиките кои ни штетат, на здрав живот и нега за себе.
Независно дали станува збор за кожата на лицето, за исхраната или маникирот, дамите со стил никогаш не дозволуваат да остават впечаток на несреденост, како физички, така и внатрешно.
И можеби годините оставаат траги на изгледот, но доколку сте добро негувани, секогаш ќе изгледате беспрекорно – помислете само на Моника Белучи.
Во продолжение погледнете неколку навики до кои негуваните дами строго се придржуваат, независно што младоста веќе е зад нив:
Си овозможуваат доволен и здрав сон
Телото ќе ви биде благодарно ако му овозможите 7-8 часа квалитет сон, ќе влијае позитивно на нервниот систем, на одржувањето на формата на телото и здравиот дух, како и енергијата.
Ги земаат предвид годините при шминкањето
Со оглед на појавата на брчки, но и помалата еластичност на кожата, пожелно е да не се пренагласуваат недостатоците на лицето, како и подочниците, со погрешна или претерана количина на пудра, несоодветна сенка за очи или моливчиња.
Што се однесува до устата, избегнуваат суви кармини кои ја нагласуваат и сувоста на усните, никогаш не користат многу потемна боја на моливче од кармин и избегнуваат пресилни бои.
Се држат до правилото што понеутрален и свеж изглед.
Уживаат во физички активности, без преморување
Здравото и фит тело се цени на секоја возраст, но интензивните тренинзи и преморување не се препорачливи за секого.
Дамите кои се негуваат се свесни за ова, па никогаш не се запоставуваат и се впуштаат во физички активности кои се најсоодветни за нивната моментална состојба, без да се форсираат во нешто што им претставува товар.
Ги одржуваат дланките негувани и средени
Добропознато е дека дланките (освен вратот) се оние кои први ги откриваат годините, колку и да се трудите да ги скриете.
Па за да не ги нагласуваат насобраната и пигментирана кожа на рацете, дамите избегнуваат маникир во многу темни бои, како црна, бордо, виолетова и сина, туку се одлучуваат за посветли црвени тонови, розеникави или nude нијанси.
Освен бојата, важно е и ноктите да се секогаш добро средени, со правилна форма, наместо да изгледаат изгрицкано.
Дополнително, не забораваат на нега на кожата, со употреба на соодветни кремови, кои ги ставаат пред спиење за да се разбудат со меки и нежни дланки.