8 правила и навики до кои се држат негуваните жени на повозрасни години
Се грижат за изгледот и квалитетот на косата
Сосема е нормално со текот на годините да дојде до уништување на квалитетот на косата, опаѓање и слично, но дамите кои се негуваат, редовно користат маски за коса, доколку ја бојадисуваат косата го прават тоа кај професионалец со квалитетни продукти и бираат соодветна фризура на нивниот лик.
Пијат вода и се хранат здраво
Не се држат стриктно до правилото „2 литра вода на ден“, но се одржуваат хидрирани, како заради свежиот изглед, така и заради добро функционирање на телото и одржување на формата.
Дополнително, се грижат за своето здравје избегнувајќи често јадење нездрава храна и се трудат да имаат балансирана исхрана, која ќе ги одржува енергични, здрави и во форма.
Не забораваат да се штитат од сонцето
Свесни се за штетните ефекти од сонцето, посебно во топлите денови, но дури и во зима, користат крем со заштита за сонце, а сончањето го избегнуваат со умисла.
Носат удобни чевли и соодветна облека
Не се водат до строги правила и трендови, а прават идеален баланс помеѓу стил и удобност.
Се грижат за својот стајлинг, изгледаат средено и естетски комбинираат облека и додатоци, но никогаш по цена да трпи нивното тело или да делуваат невкусно
M. M. | Црнобело