Зошто се јавуваат бели точки на лицето и како да ги отстраните?
Правете пилинг за да ги отстраните мртвите кожни клетки кои обично ги предизвикуваат белите точки на лицето.
Белите точки на лицето кои не се мозолчиња се познати и како „милија“ (анг. milia).
Овие мали точки не се акни, туку претставуваат вид цисти под површината на кожата. Безопасни се и имаат влијание само врз изгледот.
Доста често се јавуваат кај новороденчињата, но можат да се појават и кај возрасните.
Малите цисти можат да пораснат и во кластери, а не предизвикуваат болка или некои други симптоми.
Настануваат поради мртви кожни клетки кои се заробени под површината на кожата, но можат да настанат и поради оштетување на кожата од повреда или сончање, долготрајно користење кремови со стероиди, автоимуни болести…
Ако сте загрижени за нивниот изглед, постојат совети кои имаат потенцијал да им ја намалат видливоста.
Совети што може да ви бидат од помош:
Користете хидратантни кремови и заштитете ја кожата
Користете квалитетен крем или серум за хидратација, а истовремено редовно нанесувајте крем со фактор.
Овие продукти ја штитат кожата и ја прават помалку подложна на проблеми.
Правете пилинг
Пилингот ќе ги отстрани мртвите кожни клетки и со тоа ќе го намали ризикот од појава на белите точки.
Само, немојте да користите пилинзи со гранули кои се груби за кожата, туку користете серуми за пилинг.