Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода

Елиминирајте ги мозолчињата со чај

За лесно да ги елиминирате мозолчињата од лицето и да го намалите црвенилото на местото кај што имате мозолче ви треба зелен чај, модла за мраз и чисто платнено крпче.

Сварете го зелениот чај и ставете го во модлата за мраз, па ставете го во замрзнувач.

Со коцката мраз од зелен чај поминете преку мозолчето. Загрејте го платненото крпче, па со него поминете преку местото каде што имате мозолче.

Повторете ја постапката студено - топло неколку пати и така лесно ќе се ослободите од црвенилото и од мозолчето.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-07.jpg

Направете совршени кадрици со прстите

Кога ќе ја измиете косата, малку засушете ја, па навиткајте ја во прстите.

Ставете шнола на секое крукче што сте го направиле и оставете косата да ви се исуши природно.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-08.jpg

Избелете ги темните кругови под очите

За овој трик за убавина ви требаат еден лист алое, сварен зелен чај, маслиново масло и памукчиња.

Исечете го листот алое, па со виљушка или нож извадете дел од природниот гел (не цел).

Во листот ставете малку маслиново масло и неколку капки зелен чај, па со виљушката или ножот, спојте ја смесата.

Ставете ги памукчињата во листот алое и кога убаво ќе се навлажнат, ставете ги врз очите.

Нека стојат така 5 минути. Кога ќе ги извадите ќе видите дека темните дамки под очите ги нема.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-11.jpg

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-09.jpg

Меки стапала со алое

Потребни ви се листови алое, мелница и гумени чизми.

Сомелете ги листовите алое, распоредете ја смесата во гумените чизми, па внатре ставете ги стапалата. Останете така околу 15-20 минути.

Забелешка: Ако немате гумени чизми можете да користите ќеси, а врз нив да облечете чорапи за да ви биде поудобно на ногата.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-02.jpg

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-10.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg