Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода

Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба сами да ја офарбате косата, но не можете да ја распоредите фарбата рамномерно? Со овие генијални трикови лесно ќе се снајдете во секоја ситуација...

krastavica-protiv-crvenilo-i-7-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prigoda-01.jpg

Како да го намалите црвенилото на надусниците по депилација? Со краставица поминете преку иритираното место...

Прочитајте ги овие 8 лесни трикови, кои можеби ќе ви се најдат:

Искористете го лакот за нокти до последната капка

За овој трик ви се потребни тенка четкичка за шминка и шишенце лак за нокти.

Металниот дел од четката за шминкање извадете го од основата.

Потоа четкичката ставете ја во отворот од лакот.

Свртете го шишенцето наопаку за лакот да почне да тече низ неа и така најлесно ќе го искористите до крај.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-03.jpg

Совршена сенка во неколку нијанси

За најлесно да измешате неколку бои и да имате совршена сенка на очите, со апликатор нанесувајте боја по боја врз капакот (како на фотографијата).

Боите треба да одат од најтемна на крајот на капакот, до најсветла кај работ на окото.

Со четка за шминкање поминете врз капакот за убаво да ги споите боите и да добиете сенка во неколку нијанси.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-06.jpg

Едноставно фарбање коса

Во пластично шише ставете ја бојата за коса и хидрогенот.

Спојте ги, а потоа ставете од фарбата врз четка со пластични запци.

Нанесете ја бојата на косата со чешлање - на овој начин најчесно ќе ги обоите сите прамени без ничија помош.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-04.jpg

Намалете го црвенилото на кожата по депилација

По секоја депилација, на надусниците се појавува црвенило кое обично не можете да го покриете со пудра.

За да го намалите црвенилото, излупете краставица и со неа поминете преку црвеното место, па тоа ќе се повлече за кратко време.

genijalni-trikovi-za-ubavina-za-sekoja-prilika-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg