Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст?

Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иако ова може да биде загрижувачко, добрите вести се дека не е знак за нешто сериозно.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-01_copy.jpg

Ако на вашата перница забележите повеќе влакна од вообичаено, ако одводот за туширање почесто ви се затнува или, пак, чешелот за коса е преполн со влакна, можеби и вие доживувате една од понепријатните сезонски промени: сезонското опаѓање на косата. Но, не треба да се вознемирите, затоа што тоа е сепак сезонско, повремено, минливо.

Која е причината за оваа појава?

Луѓето губат повеќе коса во есен

Не постои научно објаснување зошто косата на луѓето повеќе паѓа во есен за разлика од другите сезони, но, постојат неколку теории за тоа.

Некои експерти веруваат дека ни треба повеќе коса во текот на летото за да нè заштити од директната сончева светлина, а други, пак, велат дека косата ни паѓа поради оштетувањето кое го претрпува во текот на летото.

Од друга страна, одредени експерти веруваат дека недостатокот од сончева светлина за време на есента влијае на хормоните кои имаат влијание врз растот на косата.

Ова се можни оправдувања за тоа зошто повеќе коса губиме во текот на оваа сезона, но ниту едно нема научни корени. Сепак, добрите вести се дека оваа појава обично трае околу 2-3 месеци.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-02.jpg

Како да го намалите опаѓањето на косата?

Заштитете ја

Прекумерното изложување на сонце, загадување, дожд и прашина, без соодветна заштита, може да ја направи косата сува и кршлива.

Трудете се што е можно повеќе да ја заштитите, а ако сте изложени на овие „непријатели“, измијте ја косата уште истиот ден.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-03.jpg

Не го прескокнувајте регенераторот

По шампонирањето, секогаш користете хидратантен регенератор за вашата коса, а потоа трудете се истиот да го измиете со постудена вода – со ова ќе ги затворите порите и ќе го одржувате скалпот чист подолго време.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-04.jpg

Редовно потстрижување

Редовното потстрижување на косата не само што ќе ѝ даде поубава форма и изглед, туку исто така ќе ви помогне да се ослободите од досадните заплеткани врвови и сувоста.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-05_copy.jpg

Расплетете ја косата за да избегнете нејзино кршење

Расплетете ја косата додека е мокра, а за да избегнете кршење, почнете со чешлање врвовите, а потоа продолжете кон коренот.

sezonsko_opagjanje-na-kosata-kako-da-go-prepoznaete-i-nachini-kako-da-go-pottiknete-nejziniot-rast-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg