Како да се грижите за ноктите по маникир со гел лак (и кога треба да направите пауза)?

Маникирот со гел лак е одлична алтернатива за оние кои не сакаат гелни или акрилни нокти, а притоа трае многу подолго од обичните лакови. Сепак, мора да земете предвид некои работи ако сакате да пробате или веќе коирстите гел лак.

koristenje-gel-lak-na-shto-da-vnimavate-i-kako-pravilno-da-se-grizhite-za-vashite-nokti-01.jpg

Иако гел лакот може да ви изгледа како одлична и подолготрајна опција за совршен маникир, сепак, тоа може да биде штетно за вашите нокти доколку не водите правилна грижа за нив.

Во денешно време не е ретка долготрајната употреба на гел лак, но сепак, имајте предвид дека потребно е повремено да им дадете одмор на вашите нокти.

На што треба да внимавате кога ќе се одлучите за користење гел лак?

Правилното отстранување е од особена важност

Непрaвилното отстранување, како што е силно гребење или лупење на лакот, може да го зголеми степенот на оштетување на горниот слој на ноктите. Затоа, обидете се нежно да ги триете ноктите со турпија и потопете ги во ацетон.

Она што треба да го имате предвид при оваа постапка е тоа што не смеете предолго да ги држите ноктите во ацетонот, зашто и тоа може да го оштети ноктот.

Сепак, најдобро е да отидете во салон за маникир и препуштете им ја работата на професионалците кои правилно и безбедно ќе го отстранат лакот.

koristenje-gel-lak-na-shto-da-vnimavate-i-kako-pravilno-da-se-grizhite-za-vashite-nokti-02_copy.jpg

Покривајте ги ноктите

По третманот со гел лак, вашите нокти се послаби, покршливи и понежни.

Затоа, препорачливо е да носите гумени ракавици секогаш кога чистите со хемикалии, отворате кутии, имате контакт со груби површини и слично.

koristenje-gel-lak-na-shto-da-vnimavate-i-kako-pravilno-da-se-grizhite-za-vashite-nokti-03.jpg

Нанесете заштитен фактор

Кремовите со фактор треба да бидат дел од вашата рутинска нега на дланките.

Бидејќи гел лакот бара изложување на УВ светлина, препорачливо е да нанесете крем за сончање пред да ги ставите рацете под УВ ламбата во салонот за нокти.

koristenje-gel-lak-na-shto-da-vnimavate-i-kako-pravilno-da-se-grizhite-za-vashite-nokti-04.jpg

Како да се грижите за вашите нокти по долготрајна употреба на гел лак?

Потопете ги ноктите во маслиново масло

Ова е еден од најевтините методи за самите да си помогнете во заздравувањето на ноктите. Потопете ги во маслиново масло и држете ги околу 10-15 минути дневно.

Ако имате сува кожа, ова исто така ќе ви биде од голема корист.

koristenje-gel-lak-na-shto-da-vnimavate-i-kako-pravilno-da-se-grizhite-za-vashite-nokti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg