Како да се грижите за ноктите по маникир со гел лак (и кога треба да направите пауза)?
Масирајте ги врвовите на прстите
Масирајте ги врвовите на прстите, а за уште подобри резултати нанесете и масло за кутикули.
Зголемете го внесот на биотин
Една од најпопуларните хранливи материи за косата, кожата и ноктите е биотинот. Обидете се да консумирате 30 микрограми дневно, а исто така во секојдневната исхрана може да внесете и дополнителни мултивитамини.
Ова може да ви е од голема корист, но секако, не очекувајте моментални резултати.
Имено, на ноктите им требаат околу три месеци за да пораснат од корен до врв, па затоа, бидете упорни и со текот на времето ќе добиете поцврсти и посјајни нокти.
Хидрирајте ги и омекнете ги кутикулите
По отстранувањето на гел лакот, многу е важно да ги хидрирате кутикулите.
За таа цел, нанесете масло на ноктите и кожата околу нив, затоа што сувата и испукана кожа може да го зголеми ризикот од инфекција или слабеење на ноктите.
Маска за заздравување на ноктите
За оваа едноставна маска потребен ви е еден лимон и маслиново или кокосово масло.
Најпрво, исечете го лимонот на тенки парчиња и втријте го на секој нокт. Потоа, потопете ги прстите во маслиново или кокосово масло и држете ги околу десетина минути.
Масирајте го маслото кое ќе ви остане на ноктите и доколку сте во можност оставете го така во текот на ноќта. Повторувајте го ова што е можно почесто.
Колку често треба да ги „одморате“ ноктите од користење гел лак?
Експертите советуваат да им дадете одмор на вашите нокти одвреме-навреме и тоа со пауза од неколку недели. За тоа време обидете се да користите серуми, масла и домашни маски за зајакнување на ноктите.
Колку честа ќе биде паузата зависи и од вашите индивидуални потреби и карактеристики. Секако, оние кои имаат помеки нокти можеби ќе треба да прават почести паузи, за разлика од оние со поцврсти.
Знаци кои покажуваат дека ви треба одмор од користење гел лак
Како што веќе споменавме, претераното користење гел може да доведе до оштетување на вашите нокти.
Во продолжение неколку знаци кои покажуваат дека време е за пауза:
- Ноктите стануваат кршливи, слаби и лесно се лупат. Ова вообичаено се случува кога ноктите подолго време се изложуваат на топлина или влага.
- Кога ќе забелите жолтеникава боја или бели дамки на вашите нокти, тоа е показател дека очајно им треба одмор.
- Ако почувствувате било каква непријатност или болка во прстите и рацете, прекинете со користење гел лак, затоа што прекумерната употреба на гелови може да предизвика иритација и црвенило.
- И, на крај, ако често се соочувате со габични инфекции поради редовно користење гелови, тогаш време е за пауза.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com