Косата ја мијат 1-2 пати неделно, ставаат парфем на нозете: 9 тајни за убавина на Французинките
Косата ја мијат 1-2 пати неделно
Повеќето Французинки ја мијат косата еднаш до двапати неделно.
А, за да не им делува мрсна, тие ја четкаат темелно секое утро и навечер.
Не ја „исправаат“ косата
Французинките не користат пегла за коса за да ги исправат кадриците.
Тие преферираат нивната коса да ја има природната форма, без оглед дали е права, прекршена или со кадрици.
Не трошат многу време на шминкање
Иако се познати по тоа што црвениот кармин им е заштитен знак, многу Французинки преферираат природен изглед со малку шминка.
Tие често нанесуваат само пудра, маскара и малку сјај на усните.
Ставаат парфем и на нозете
Жените во Франција можат да излезат од дома без шминка, но никогаш без парфем.
Освен на вратот и зглобовите, тие ставаат парфем и зад ушите, но и на нозете, поточно на задната страна од колената.
Ја вадат шминката веднаш штом се вратат дома
Французинките знаат дека декоративната козметика не е воопшто корисна за кожата, па веднаш штом се вратат дома, ја вадат шминката.
Ниедна жена во Франција не оди во кревет со шминка на лицето, без оглед колку е изморена и колку и да е доцна.
А. Ј. | Црнобело