„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“

Како што минуваше неделата, навечер ја користев водата како тоник, а преку денот како спреј за кожа.

Текстурата на кожата малку ми се подобри по првиот ден.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-08.jpg

Нема да лажам, до седмиот ден текстурата на мојата кожа беше подобра, изгледаше помалку уморно и не се мрсеше многу.

Бев пријатно изненадена од малите промени што оризовата вода ги направи за мојата кожа, но уште поимпресионирана сум од тоа колку е лесно да се направи овој продукт.

Буквално не потрошив пари бидејќи дома имав многу ориз и вода.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-05.jpg

Како што реков, разликата не е многу голема и тешко е да се види од фотките, но дефинитивно има разлика во брадата и челото – изгледаат посветло и кожата не е многу уморна.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-06.jpg

Дали повторно би ја користела оризовата вода? Искрено, најверојатно да.

Лесно се прави и мислам дека е подобро да ја користам, наместо да давам пари за продукт кој содржи ориз.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-09.jpg

Ако сакате да ја пробате, ви споделувам неколку совети од дерматолог:

Важно е да бидете внимателни кога пробувате ТикТок трендови бидејќи не сите совети се погодни за секого. Обично проблем може да биде чувствителноста на кожата или алергија на оризова вода, па секогаш прво тестирајте ја на мал дел од кожата.

Претераното користење оризова вода може да предизвика иритација, па важно е постепено да ја вметнете во рутината.

Чувајте ја оризовата вода во фрижидер за да ја одржите свежа и да го спречите развојот на бактерии“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg