7 најчести грешки кои ги правиме при секојдневната грижа на телото
Не го бришеме папокот по туширање
Во папокот „живеат“ преку 60 различни видови бактерии, па не е доволно само да го измиеме, туку и да го избришеме по туширањето.
Според експертите, барем еднаш во неделата, папокот треба да се дезинфицира – на чепкалка за уши ставете малку алкохол и поминете низ него.
Не ги чистиме затворените пори на носот
Порите на носот обично се затвораат поради мртвите клетки на кожата, особено ако имате мрсна кожа.
Дерматолозите препорачуваат да правите нежен пилинг на носот неколкупати седмично, но и да нанесувате кремови кои се на база на магнезиум и цинк.
Ставаме крем на стапалата на делови кај што не треба
Според дерматолозите, стапалата треба да се негуваат со крем или, уште подобро - да се мијат со антибактериски сапун.
Но, кремот не треба да се става помеѓу прстите, бидејќи може да предизвика инфекција.
Не нанесуваме правилно крем околу очите
Кремот за очи треба да се нанесе со натапкување, а не со размачкување, советуваат дерматолозите.
Тие велат дека ако се стават ситни точки крем околу окото, а потоа се натапкаат нежно, кремот полесно ќе се впие во кожата и ќе има подобар ефект.
А. Ј. | Црнобело