7 најчести грешки кои ги правиме при секојдневната грижа на телото
Дали се сеќавате кога последен пат сте го избришале папокот по туширање или сте ги исчистиле порите на носот? Кои се најчестите пропусти во хигиената и грижата за нашето тело што ги правиме скоро сите?
Иако секојдневно се грижиме за телото, сепак, честопати, дури и несвесно правиме грешки во одржувањето на личната хигиена.
Се водиме од навиките кои сме ги стекнале како деца, без притоа да знаеме дека некои работи поврзани со хигиената не се онакви какви што мислиме.
Кои се најчестите грешки што ги правиме кога се грижиме за телото и хигиената?
Не ставаме хидратантен крем под пазувите
Отстранувањето на влакненцата под пазувите ја иритира кожата. Но, ретко кој по депилацијата или бричењето става хидратантен крем.
Со кремот освен што омекнува кожата, се намалуваат и темните дамки кои може да се појават под пазувите, бидејќи телото по бричењето или депилацијата произведува поголема количина меланоцити (клетки кои ја одредуваат бојата на кожата).
Не ги чистиме дупките од пирсовите
Експертите велат дека луѓето кои имаат пирсови на телото мора редовно да ги чистат со благ антисептик или антибактериски сапун.
Ги сечеме кутикулите
Кожата на дланките е многу тенка и потребна ѝ е соодветна нега.
Освен редовната употреба на кремови за раце, барем еднаш неделно треба да направиме пилинг на рацете за да ги отстраниме мртвите клетки од кожата.
Но, поважно – не треба да ги сечеме кутикулите бидејќи тие ја штитат кожата од инфекции.