Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН)

Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад... Кои трендови од минатото повторно се вратија на голема врата?

trendovi-vo-shminkanjeto-i-frizurite-koi-se-vratija-od-minatoto-i-preku-nokj-stanaa-del-od-modata-01.jpg

Модните трендови доаѓаат и си одат. Некои се менуваат низ годините, а други, подзаборавени, преку ноќ станаа дел од модата и нашето секојдневие.

Кои трендови се вратија од минатото и доминираат на модната сцена?

Коса залижана наназад со многу гел

Веќе неколку години скоро никој не користи гел за коса. Но, тој се враќа на голема врата со новиот тренд – коса залижана наназад и зад уши.

c359f15e2fb22ac93550a877a3.jpg.jpg

Разбушавени веѓи

Веѓите тенки како линии веќе не се во мода, ниту пак јапонската техника за совршено обликувани веѓи. Напротив, најнов тренд се разбушавените, несредени веѓи.

4149f15b388ec84e5115b8d51d.jpg.jpg

Темен корен на косата

Иако долги години беше во ред русокосите да имаат потемен корен на косата, овој тренд веќе не е ИН. Напротив, фризерите инсистираат коренот да ви е секогаш бојадисан и да не оставате да ви подрасне, особено ако природната боја на коса ви е за неколку нијанси потемна од моменталната боја.

901b0e551eb8ad4df81fa777d1.jpg.jpg

Нокти без маникир

Ноктите не мора секогаш да ви бидат налакирани или да имате совршен гел лак. Оваа сезона во мода се природни нокти, па или ставете проѕирен гел лак во салон или самите лакирајте ги ноктите со проѕирен лак за да им дадете сјај.

trendovi-vo-shminkanjeto-i-frizurite-koi-se-vratija-od-minatoto-i-preku-nokj-stanaa-del-od-modata-02_copy.jpg

„Тешка“ пудра за лице

Наместо да ја покриете секоја точка на лицето со „тешка“, густа пудра, ставете крема за лице во боја на кожа или обична крема со заштитен фактор и дозволете ѝ на кожата да дише. Не е грев да ги покажете малите несовршености.

6dfe535c69b11f69eb5bb2220f.jpg.jpg

Долги, густи шишки

Повторно се во мода долгите, густи шишки кои го покриваат челото. Овој тренд беше во мода пред 10-ина години, а сега се враќа повторно на местото на ретките шишки со неправилен облик.

739f82547e8a358bedd0ce7c58.jpg.jpg

Природна боја на косата

Фризерите имаат една главна препорака за оваа сезона (но и за следните неколку години) - вратете ја природната боја на косата.

2b20bb5fd89c6729404e4f749e.jpg.jpg

Дебела линија со црното моливче за очи

Овој популарен тренд се враќа повторно, откако шминкерите го избегнуваа неколку години. Наместо дебела линија со црно моливче која го обликуваше целото око, тие избираа светли нијанси и земјени тонови, а црна боја ставаа само на капакот.

b14a9f5a798356ff95514cf4ee.jpg.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Тренд за шминкање „No Make-up Look“ - за сите девојки кои сакаат природен изглед Ако сакате да излезете од дома како да сте без шминка, само да изгледате поодмор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg