Маска за лице и уште 3 едноставни рецепти со талог од кафе за убава кожа
Кафето е омилен пијалак во кој уживаат милиони луѓе ширум светот, познато е по својата богата арома и стимулирачки ефекти.
Но, дали знаевте дека талогот од кафе може да направи чуда и за вашата кожа? Преполно е со антиоксиданси и има својства за пилинг... Талогот од кафе може да се користи во различни домашни рецепти за нега на кожата.
Талогот од кафе делува како физички пилинг, а во комбинација со мед и јогурт обезбедува хидратација и потхранување на вашата кожа.
Може да се користи за лице, тело, па дури и за областа под очите. Може да помогне да се намали отокот, да се минимизираат темните кругови и да се затегне нежната кожа околу очите.
Маска за лице
Состојки:
- 1 лажица талог од кафе
- 1 лажица мед
- 1 лажица јогурт
Инструкции:
- Во помал сад измешајте ги талогот од кафе, медот и јогуртот додека убаво не се соединат.
- Нанесете ја смесата на чистото лице, избегнувајќи го пределот околу очите.
- Нежно масирајте ја маската во вашата кожа со кружни движења неколку минути.
- Оставете ја маската да делува околу 15 минути.
- Исплакнете со млака вода. Нанесете хидратантна крема.
Пилинг за тело
Состојки:
- ½ шолја талог кафе
- ¼ чаша кокосово масло
- ¼ чаша кафеав шеќер
Инструкции:
- Во сад измешајте ги талогот од кафе, кокосовото масло и кафеавиот шеќер додека убаво не се соединат.
- Земете од пилингот и масирајте на влажна кожа со кружни движењa.
- Исплакнете со топла вода. Можете да продолжите со лосион за тело за повеќе хидратација.