10 трикови со кои Италијанките изгледаат како кралици и по напорен ден
Користат маслиново масло за нега на кожа, носат црно и во лето, а марамата им е омилен моден детаљ – кои се тајните на Италијанките за совршен изглед?
Скоро сите се согласуваат дека Италијанките се едни од најубавите жени во светот.
Неретко тие се и модна инспирација за многумина, а тајните за нивниот изглед не се ништо комплицирано.
Како Италијанките изгледаат како кралици и по напорен ден?
Преферираат природен изглед на веѓите
Италијанките ја ценат природната убавина и не го менуваат обликот на нивните природни веѓи.
Некои ги отстрануваат влакненцата што стрчат, но никако не ја менуваат формата.
Им даваат предност на црните хулахопки
Во топлите денови, Италијанките воопшто не носат хулахопки.
Кога, пак, е постудено, им даваат предност на црните.
Белата маичка е дел од сечиј гардеробер
Навистина можете да направите безброј комбинации со бела маичка.
Ова едноставно парче облека можете да го носите со здолништа, фармерки, костими…
Не штедат на убава долна облека
Италијанките сакаат убава и квалитетна долна облека, па никогаш не штедат на неа.
Веројатно и самите имате забележано дека дури и кога не планирате некој да ја види, убавата долна облека ви ја зголемува самодовербата.
Носат црно и во лето
Обично во летните месеци сите преферираме посветли бои.
Но, Италијанките неретко ги комбинираат светлите парчиња со црни чанти, чевли, па дури и чизми.