Идеи за едноставни, но уникатни свадбени торти со цветни декорации – ремек-дела за кои долго ќе се зборува (фото)
Нежна невестинска боја со бели цветови, основа со силна боја или бела основа со цветови кои се како насликани на платно – кој ќе биде вашиот избор за свадбена торта?
Додека многу младенци ја ставаат на последно место, сепак тортата е важен дел од свадбената прослава.
Слаткарите навистина знаат да создадат ремек-дела од тортите кои дури и ќе ви биде жал да ги пресечете.
Ако сте љубители на уметноста на храна и на цветовите како декорација, тогаш овие торти ќе ви послужат како инспирација за свадбениот ден.
На прв поглед едноставни, но сепак е потребна мајсторска рака за да создаде ваква уникатна уметност за која долго ќе се зборува.
Дали основата ќе биде бела или во силна боја за похрабрите, изборот е ваш:
М. М. | Црнобело