Премногу гости, следење трендови и уште 6 работи за кои жените се каат по нивната свадба

„На диџејот му кажав кои песни НЕ сакам да ги пушта и кои артисти не ми се допаѓаат. Но, не му кажав кои песни ги сакам...“ Од премногу гости, па сè до следење трендови кои се минливи - за што најмногу се каат жените кога станува збор за нивната венчавка? За што се каевте вие?

premnogu-gosti-sledenje-trendovi-i-ushte-6-raboti-za-koi-zhenite-se-kaat-po-nivnata-svadba-01.jpg

За многу жени, венчавката е најважниот ден од нивните животи и сакаат сè да биде совршено. Но, бидејќи треба да размислуваат за стотици работи и треба да донесат илјадници одлуки, одвреме-навреме невестите прават и по некоја грешка.

Обично овие грешки се воочуваат на самата венчавка и иако нема да го расипат целото искуство, можат да создадат мали компликации.

За Insider, неколку жени откриле за што најмногу се каат во врска со нивната свадба.

Во продолжение дел од нивните изјави:

Не одвоиле повеќе време за фотографирање додека се подготвувале за венчавката

„Посакувам да го викнев фотографот порано за да може да ме фотографира додека се подготвувам и потоа да имам барем половина час да испијам еден коктел пред церемонијата“.

Не побарале помош за планирањето на целиот настан

„Немав никаква помош за планирањето на венчавката. Бев многу организирана и знаев што точно сакам, но сепак јас сум само една личност. Неколку денови пред венчавката бев расеана и под стрес бидејќи имав милион обврски“.

premnogu-gosti-sledenje-trendovi-i-ushte-6-raboti-za-koi-zhenite-se-kaat-po-nivnata-svadba-02.jpg

Не одвоиле време само со партнерот

„Не сфатив дека во текот на целиот ден, ќе бидеме насамо само пред венчавката, кога првпат ме виде со венчаницата. Сакам да имавме приватна вечера само ние двајца, понастрана од целата забава“.

Ги следеле трендовите наместо да направат покласична венчавка

„Како многу трендови, и оние за свадби избледуваат со текот на времето. Сега сакам да направевме покласична венчавка. Кога се венчавме, хит беа рустичните венчавки. Ако имавме класична венчавка, фотографиите ќе изгледаа безвремено“.

premnogu-gosti-sledenje-trendovi-i-ushte-6-raboti-za-koi-zhenite-se-kaat-po-nivnata-svadba-03.jpg

Поканиле премногу гости

„Првото нешто што би го сменила кај мојата венчавка е бројот на гости – подобро е кога прославата е лична и интимна. Сметам дека сите невести си мислат ’морам да ги поканам сите, ова е најважниот ден од мојот живот‘. Но, не сите луѓе се толку важни“.

Не ги замолиле гостите да прават повеќе фотографии

„За мојата венчавка купив фотоапарати за една употреба и им ги дадов на гостите. Потрошив повеќе пари, но како фотограф, навистина ми значи што имам фотографии од перспективата на гостите. Тие правеа фотографии на венчавката во црква и на прославата и сите се прекрасни. Посакувам да набавев повеќе фотоапарати“.

premnogu-gosti-sledenje-trendovi-i-ushte-6-raboti-za-koi-zhenite-se-kaat-po-nivnata-svadba-04.jpg

Не го најмиле фотографот на подолг период

„Свадбата е динамична и нема да можете да се фотографирате со сите. Но, мислам дека ако му речев на фотографот да дојде порано и да остане до подоцна, ќе имавме многу повеќе и подобри фотографии со сите“.

Не му дале листа со песни на диџејот/бендот

„На диџејот му кажав кои песни НЕ сакам да ги пушта и кои артисти не ми се допаѓаат. Но, не му кажав кои песни ги сакам. Требаше да направам листа со моите омилени песни за да бидам сигурна дека ќе ги пушти на мојата свадба“.

premnogu-gosti-sledenje-trendovi-i-ushte-6-raboti-za-koi-zhenite-se-kaat-po-nivnata-svadba-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg