Не треба да се свршувате со партнерот, ако пред тоа не сте разговарале за 5 важни работи

Да се раскине свршувачка е поболно отколку да се раскине врска, па пред да прифатите понуда за брак мора со партнерот да разговарате за 5 важни животни теми.

ne-treba-da-se-svrshuvate-so-partnerot-ako-pred-toa-ne-ste-razgovarale-za-5-vazhni-raboti-01.jpg

Многу парови чекаат до свршувачката за да почнат да разговараат за сериозните животни теми.

Но, терапевтот за врски Лендис Бејар вели дека подобро е за тие теми да се зборува претходно.

Работи за кои мора да разговарате, пред да се свршите:

Деца

Мора да разговарате дали воопшто сакате деца и ако сакате колку сакате, на колку години сакате, како би пристапиле кон родителството, какво искуство сте имале вие со вашите родители, какви ви беа врските со родителите кога растевте, а какви се сега...

Лендис вели дека добро е некогаш и да почувате деца на некои ваши роднини и пријатели за да видите со партнерот како ќе се сложувате во поглед на тоа.

ne-treba-da-se-svrshuvate-so-partnerot-ako-pred-toa-ne-ste-razgovarale-za-5-vazhni-raboti-05.jpg

Пари

Луѓето не сакаат да зборуваат многу за пари, тие се како табу тема, но финансиите влијаат на секој аспект од животот, па дури и да не планирате да го спојувате приходот со оној на партнерот по венчавката, треба да зборувате за тоа.

Мора да знаете што значат парите за него, како се гледало на материјалните работи во неговото семејство и да дознаете дали за него парите се извор на сигурност или извор на стрес.

Сето тоа ќе влијае на начинот на кој ги трошите, штедите или инвестирате парите во животот и на емоциите и однесувањето во иднина.

Вашите родители и браќа/сестри

Мора да разговарате на тема семејство за да сфатите колку вашиот партнер ќе сака вашите семејства да се вклучени во вашето секојдневие во иднина. Кога ќе креирате свое семејство, колку време и внимание ќе им посветувате на вашите родители, браќа, сестри... Ако имате различни ставови околку ова, тогаш може да имате проблем.

Колку често би сакале да се гледате со нив, колку би им дозволиле да влијаат на воспитувањето на децата кои би ги имале, дали тие некогаш ќе живеат со вас... Мора да разговарате отворено за да видите каде ќе биде потребен компромис.

ne-treba-da-se-svrshuvate-so-partnerot-ako-pred-toa-ne-ste-razgovarale-za-5-vazhni-raboti-03.jpg

Културолошки и религиски разлики

Ова може да биде едноставна тема ако имате иста позадина, но ако немате иста религија тоа може да биде проблем ако не правите комромиси.

Исто така, ако сакате да имате семејство треба да разговарате какви културолошки и религиски навики би им всадувале на вашите деца.

Секс

Иако сексот изгледа како едноставна тема за која не треба да се разговара, експертот за врски Лендис вели дека убаво е да се зборува за очекувањата на поле интимен живот во брак.

Може да има разлики во либидото, во очекувањата од тоа како треба да изгледа сексуалниот живот и сето тоа да биде причина за конфликти и незадоволство.

ne-treba-da-se-svrshuvate-so-partnerot-ako-pred-toa-ne-ste-razgovarale-za-5-vazhni-raboti-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg