„Немаш почит кон неа“ - Невестата со венчаница, а младоженецот со маица и шорцеви на својата свадба

„Тој не те почитува доволно за да облече пристојна облека за свадбата и ти сепак се мажиш за него?“, е еден од осудувачките коментари.

nemash-pochit-kon-nea-nevestata-so-venchanica-a-mladozhenecot-so-maica-i-shorcevi-na-svojata-svadba-01.jpg

Кога невеста ќе се одлучи за традиционална венчаница некако очекувано е младоженецот да носи одело за да изгледа соодветно крај неа, но еден младоженец што ја прекрши оваа традиција стана вирален хит.

На Reddit се појави фотографија од свадба на која невестата е во бела венчаница, а младоженецот со маица со принт и шорцеви.

Парот ја сече свадбената торта со нешто што изгледа како церемонијален меч, но, и покрај сè, аутфитот на младоженецот навистина изгледа несоодветно за пригодата.

Корисниците на Reddit се бесни за потегот на младоженецот и велат дека тој нема почит кон невестата штом се облекол вака кежуал.

„Тој не те почитува доволно за да облече пристојна облека за свадбата и ти сепак се мажиш за него?“, е еден од осудувачките коментари.

nemash-pochit-kon-nea-nevestata-so-venchanica-a-mladozhenecot-so-maica-i-shorcevi-na-svojata-svadba-02.jpg

Дел од останатите коментари:

„Таа е во венчаница, а тој не можел да пронајде ниту пар долги панталони?“

„Изгледа како тој да не сакал да се венча и на сила се согласил, па мрзеливо се појавил на настанот вака облечен. Тој нема почит кон невестата. Овој брак нема да трае долго.“

„Ваквите фотографии секогаш ме растажуваат. Исто така ме тераат да се прашувам дали и во бракот ќе вложува толку малку напор колку што вложил во свадбениот стајлинг.“

„Буквално како да играл видео игра во својата соба и само претрчал да се венча набрзина.“

„Се обложувам дека таа го запросила него и тој се согласил само откако му ветила дека може да облече што сака на свадбениот ден.“

„Можел подобро. Ако твојот партнер не е ентузијастички настроен за да се ожени за тебе, тогаш не се мажи за него. Да се биде сингл е подобро отколку да се биде со личност која не се труди воопшто околу тебе.“

Што мислите вие за потегот на младоженецот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg