„Оставете ги децата дома, немаме место за сите“ – Пар си ги дели гостите по категории во поканата за свадба

Си ги поделиле гостите според категории на приоритетни гости и гости кои може да дојдат ако остане место, а на поканата е назначено кој во која група припаѓа, па дури и ги замолуваат да си најмат дадилки за децата, бидејќи им се ограничени местата – што мислите за ваква покана во време на пандемија?

ostavete-gi-decata-doma-nemame-mesto-za-site-par-si-gi-deli-gostite-po-kategorii-vo-pokanata-za-svadba-01.jpg

Дефинитивно не им е лесно на паровите кои требало да прават свадба, а пандемијата им ги наруши плановите.

Во некои земји се дозволени прославите, но сепак со ограничен број на луѓе, па паровите се соочуваат со тешкотии кога станува збор за избор на гости.

Токму во таква ситуација се нашол овој пар чија покана за свадба стана мета на критики на социјалните мрежи, заради чудбата поделба во категории на гостите, како и барањата кои ги имаат од нив.

ostavete-gi-decata-doma-nemame-mesto-za-site-par-si-gi-deli-gostite-po-kategorii-vo-pokanata-za-svadba-03.jpg

Гостите кои им се приоритет се ставени во категорија А и треба што побрзо да го потврдат нивното прусуство, а гостите во втора категорија, ако сакаат да присуствуваат треба да ја следат состојбата со слободни места на нивниот веб сајт, и доколку не се во можност да присуствуваат веднаш да ја одберат опцијата за одбивање на поканата.

Оние кои се во третата категорија, влегуваат во игра доколку и тие од втората категорија не можат да дојдат.

На секоја покана најдолу е назначена во која категорија припаѓа гостинот. Малку невкусно, но очигледно за нив тоа бил единствениот начин...

Поканата на парот гласи:

„Драги пријатели и роднини, ве молиме да разберете дека местото е со ограничен број на гости кои ќе можеме да ги сместиме на свадбата. Колку и да сакаме секој од вас да ни се придружи на нашиот голем дел, приморани сме да ги поделиме гостите во групи за да не ги надминеме капацитетите.

Група А: Ве молиме одговорете ни на поканата најбрзо што можете. Така ќе можеме да ги понудиме вашите места на други гости ако не можете да дојдете.
Група Б и Ц: Ве молиме внимателно следете го нашиот свадбен вебсајт за известување ако имаме слободно место. Ако веќе знаете дека не можете да дојдете, одбијте ја поканата преку опцијата на вебсајтот.

Ако е можно, ги охрабруваме нашите гости да најмат дадилка за вечерта и да ги оставите децата дома. Колку и да сакаме деца, го даваме најдоброто од себе за да направиме место за сите гости.
Исто така бараме од слободните гости да не доаѓаат со придружба.

Ви благодарибе на разбирањето.“

ostavete-gi-decata-doma-nemame-mesto-za-site-par-si-gi-deli-gostite-po-kategorii-vo-pokanata-za-svadba-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg