„Облачиња“ од цвеќе: Најпопуларниот свадбен тренд за оваа сезона
Од сите свадбени трендови за 2019-та година, тронот им припаѓа на цветните аранжмани. Иако, се разбира, доста популарни се и венчаниците, изгледа дека повеќето модерни несвести најмногу внимание им обрнуваат на цветовите.
Еден од трендовите што значително се истакна оваа сезона се таканаречените „облачиња“ од цвеќе.
Oвие „летачки“ цветни аранжмани ќе бидат вистинско освежување за вашата церемонија. Овие украси го менуваат начинот на којшто ги користиме цветовите, а без сомнение изгледаат волшебно.
„Облачињата“ можете да ги поставите на лустерите, да ги направите во форма на завеса, да ги поставите над масите... На можностите им нема крај.
Доколку се одлучите за ваква декорација за вашата венчавка, добро е да земете неколку нешта предвид.
Најпрво, важно е да знаете дека овие декорации не се погодни за секаков простор. Најдобро одговараат во простории со високи тавани каде што можете безбедно да ги закачите.
Покрај тоа, некои аранжмани бараат употреба на повеќе цветови, со што целата декорација би била поскапа.
За да ја намалите цената на аранжманот, можете да ја дополните декорацијата со други елементи како вештачки цветови, балони, дрво, пердуви и слично.
Овие декорации се одлични доколу на располагање имате помали маси, бидејќи можете да ги закачите над масата.
И, за крај, бидејќи безбедноста е најважна, најдобро е да му ја препуштите работата на професионалец.
За разлика од обичните цветни аранжмани, овие бараат повеќе работа и се покомплексни за изработка. Истовремено, важно е да бидат цврсто прикачени и да ја издржат целата церемонија.
Во продолжение, погледнете неколку идеи за вакви декорации:
Спирова С. | Црнобело