Пар ќе настрадаше во несреќа кај водопад пред запросувањето

Наместо планираното романтично запросување пред водопадите, тие имале адреналинско запросување калливи и повредени.

par-kje-nastradashe-vo-nesrekja-kaj-vodopad-pred-zaprosuvanjeto-01.jpg

Кога Финли Мери Холдинг (25) му предложила на своето момче да ги посетат Henrhyd водопадите во Велс, тој знаел дека тоа е совршена можност за да ја запроси.

Парот отишол да ги истражува водопадите, како и пештерата каде се снимани сцени за филмот Batman: The Dark Knight Rises. Со нив било и нивното куче.

Но, откако свртеле по погрешна патека, го изгубиле правецот и почнале да се лизгаат надолу по стрмно влажно земјиште. Тие завршиле паѓајќи во плитка каллива вода со остри карпи.

Тој вели дека адреналинот ги преплавил кога се обдиувале да си помогнат еден на друг и да се спасат. Додека се лизгал надолу низ карпите по калта во рацете го држел нивното куче.

Среќни дека го преживеале падот Финли Мери и Еј Џеј едвај се искачиле нагоре и кога конечно легнале на земја за да одморат Еј Џеј се сетил дека во џебот му е свршеничкиот прстен.

И иако прво сакал да ја запроси кај водопадот, незгодата го инспирирала да ја запроси веднаш. Калливи, испотени и изгребани тие си ветиле дека ќе го поминат животот еден крај друг.

„Не можам да замислам подобар начин за запросување. Беше брилијатно – тоа сме ние. Ние никогаш не ги правиме работите до половина, па тоа што речиси ќе умревме, а потоа се свршивме е прекрасно“, изјави 26-годишниот аватурист Еј Џеј Тејлор.

„Во мигот си помислив штом го преживеавме ова заедно, ќе бидеме добро“, изјави Финли Мери, која со солзи во очите го прифатила прстенот.

Инаку Еј Џеј го направил свршеничкиот прстен од дрво од орев и чекал совршен миг за да ѝ го даде.

Kaко изгледа вљубениот пар:

par-kje-nastradashe-vo-nesrekja-kaj-vodopad-pred-zaprosuvanjeto-02.jpg

Фотки од уникатното запросување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg