Како изгледаат традиционалните невести во најоддалечените делови од светот
Во многу земји, венчаницата е манифестација на тамошните обичаи. Боите, дизајнот и деталите се вклопуваат со обичаите и религиските верувања. Ова значи дека секоја земја си има свои традиционални венчаници.
Во продолжение погледнете како изгледаат венчаниците од 10 држави ширум светот.
1. Во Турција, пред невестата да излезе од татковата куќа, машки роднина ѝ врзува црвена лента околу половината. Лентата означува среќа и сексуалност.
2. Во село во Бугарија, женските членови на семејството на невестата ѝ го бојат лицето со бела боја и ѝ го украсуваат со разнобојни украси.
3. Во Шри Ланка, несвестите ги спојуваат источната и западната традиција. Тие носат везено свилено сари и европски велови. Накитот вклучува непарен број на скапоцени камења, бидејќи непарните броеви се сметаат за среќни.
4. Традиционалната венчаница на луѓето од Хакасија, Русија вклучува волнена капа и тешко подздолниште кое ја топли невестата на температурите под нулата.
5. Индонезија ја сочинуваат околу 8.000 населени острови, а модата варира од регион до регион. Повеќето несвести се облекуваат во шарени венчаници украсени со тешки везови.
6. Три дена пред невестата од Индонезија да се венча, дланките, ноктите и нозете ѝ се исцртуваат со кана.
7. Длабоките црвени, розови и виолетови бои се најчестиот избор на несвестите од Пакистан.
8. Во Нубија, несвестите носат три вела – шарен на врвот на главата, еден преку лицето и еден бел вел од тежок материјал којшто ја сокрива целата глава.
9. Ден пред тибетската венчавка, младоженецот ѝ дава венчаница и накит на својата невеста. Овде можат да спаѓаат сребрени украси за коса, како и мала амајлија со Буда.
10. Традиционалната облека во Еритреја вклучува темно кадифе и фустан со виолетова и златна боја.
Спирова С. | Црнобело