Исповед на невеста: „По мојата свадба паднав во депресија“
Едно истражување во 2018 година направено на 152 невести покажа дека 12% од нив се чувствувале депримирано по свадбената церемонија.
Една 29-годишна девојка го раскажува своето искуство:
„Ми беше изненадувачки тешко да се вратам во нормала по свадбата, откако толку долго време функционирав турбо. Имаше низа детали околу организацијата на свадбата, постојани телефонски повици, моминска забава, планирање на настанот... И сето тоа заврши.
Ми беше здодевно, станав носталгична по сета таа возбуда. Чувствував како целата забавна фаза од мојот живот штотуку да завршила.
Целиот процес на мажење - од запросување до денот на венчавката е еден од најадреналинските настани во животот. Може да биде толку интензивен што по завршувањето може да дојде до емоционална празнина.
Плус, има шанси да се чувствувате како „чудовиште“ што не сте 100% задоволни од својата прекрасна свадба и од новиот сопруг.
И додека некои невести го мразат справувањето со малите детали како покани, бонбони, картички, некои, како јас, го обожаваат, па планирањето на свадбата им трае и по цела година.
Мене ми траеше 8 месеци и во тој период имав една цел – да ја организирам свадбата, но откако заврши бев тажна затоа што не знаев што да правам со себе, немав што да организирам.
Плус, си го поделив животот на пред и по свадбата и тој период пред ми изгледаше позабавен.
По свадбата и свадбеното патување почнав да се враќам во реалноста и да размислувам за враќањето на работата што ја мразам и тоа ме депримираше.
Но, овој период ми траеше неколку месеци и се тешев со гледање на свадбените фотографии и на тоа што имам брак и сопруг.
Така што и вам ако ви се случи истото – не грижете се, нормално е.“
С. С. | Црнобело