Работи кои посакувам да ги знаев пред да почнам да планирам свадба

Не е тајна дека планирањето свадба може да биде навистина стресно искуство, но само ако вие дозволите да биде така.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-01.jpg

За да спречите нервози при планирањето свадба, треба да знаете точно со што се соочувате и како се справите со тоа.

Покрај работите кои ви се познати, постојат и неочекувани „проблеми“ кои се појавуваат во текот на планирањето.

Токму затоа, една девојка споделува неколку вистини, за сите оние кои планираат свадба, па добро е да ги знаете однапред:

1. Нема да можете да престанете да зборувате за вашата свадба, дури и да не сакате да бидете таква личност.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-02.jpg

2. Сè се случува одеднаш на почетокот, постојано планирате и организирате нешто, а на крај ќе бидете само изморени од поправање на сè што тргнало наопаку, од плаќање и трошење и финализирање на сите детали.

3. Луѓето ќе почнат да прашуваат за планови за бебе уште пред да дојде големиот ден, а потоа уште повеќе.

4. Сите ќе ви солат памет и ќе ви даваат совети бидејќи нормално сите се сметаат за искусни и најдобри во сè, но не обрнувајте внимание и не дозволувајте да ви ги менуваат ставовите.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-03.jpg

5. Секоја свадба на која ќе присуствувате пред вашата ќе ја споредувате со вашите планови и постојано ќе се предомислувате, но внимавајте тоа да не стане негативна страна и сетете се дека сте го одбрале тоа бидејќи ви се допаѓало и продолжете така.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-05.jpg

6. Тоа е ваш ден, но всушност нема да се чувствувате така, бидејќи сите блиски постојано ќе се мешаат во плановите, родителите ќе ви се мешаат во списокот со гости и слични работи кои ќе ви одат на нерви. Постои можност да ги игнорирате доколку така се поставите на почеток, но факт е дека е многу тешко, посебно доколку тие ја плаќаат свадбата.

7. Ќе направите драма барем за една непотребна работа и ќе ве фати паника дека вашата свадба нема да биде совршена, но смирете се, тоа е само преодна криза.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-06.jpg

8. Ќе се двоумите за секоја голема одлука која треба да ја донесете, без разлика колку ви се допаѓала во одреден момент, но не дозволувајте по сто пати да се премислувате, останете на она што сте го зацртале од почеток.

9. Подобро да не го покажувате на многумина венчалниот фустан пред свадбата, бидејќи луѓето имаат секогаш многу што да кажат, а не ви се потребни нивните мислења.

10. Немојте да зацртувате одредена сума која планирате да ја потрошите и да мислите дека нема да биде повеќе, секогаш бидете подготвени за неочекуваните дополнителни трошоци.

11. Колку и работите да изгледаат хаотично во периодот на планирањето, сепак свадбата може да биде одлична и да си поминете прекрасно, но само ако вие си зацртате така и се опуштите.

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-pred-da-pochnam-da-planiram-svadba-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg